ИД ги принудува семејствата во Мосул да даваат на новороденчињата “прифатливи” имиња

од desk3
145 прегледи

Терористите од групата “Исламска држава”, кои го владеат ирачкиот град Мосул,ги поттикнуваат младите родители во градот да им даваат на своите деца само имиња кои се сметаат за прифатливи на територијата на “калифатот”, соопшти Телевизискиот канал “Ас Сумарија”.

iraq-isis-sectarian-violence-women-rape-722x481
Екстремистите наредиле на стотина семејства за 24 часа да ги сменат имињата на новородените деца, бидејќи избрале “неприфатливи”.

Во спротивно терористите ќе ги менуваат по своја проценка “неправоверните” имиња.
Во последните неколку дена борците на ИД започнале со унифицирање на документите на новороденчињата. Имињата на повеќе од 120 бебиња биле проценети како неприфатливи.