Фјури официјално се откажа од своите титули…

од desk3
102 прегледи

Тајсон Фјури официјално се откажа од светските титули во бокс за професионалци во тешка категорија во верзиите WBO (Светска боксерска организација), WBA (Светска боксерска асоцијација) и IBO (Меѓународна боксерска организација) кои ги освои по победата над Владимир Кличко во ноември минатата година.

14763325212016-10-13t030157z-1638000463-s1beugquthaa-rtrmadp-3-boxing-furyjpg

28-годишниот боксер ја одложи два пати одбраната на титулата, а во септември беше подложен на на допинг тест. Фјури даде позитивен резултат за употреба на кокаин и подоцна употребувал друга дрога, кои му помагале да совладува депресивни состојби.

“Не можам да ги заштитувам титулите во овој момент и донесов тешка и емоционална одлука формално да ги вратам појасите. Посакувам на следните претенденти се најдобро. Ми претстои последователен животен тест по битката на рингот со Владимир Кличко. Ќе се борам до крај”, изјави Фјури.

Според светските агенции доброволното откажување од појасите најверојатно значи дека Британецот постигнал договор да добие нова шанса да ги освои, откако ќе се исчисти од дрогата.