Исландска пратеничка одлучи да го надои своето бебе пред очите на останатите парламентарни претставници и телевизиските камери, додека говореше пред парламентот.
Таа го утврди дејството како “најприродната работа на светот”. Унур Бра Конрадсдотир од десната партија на независноста, одлучи да се соочи во исландскиот парламент, додека го дои своето шестмесечно девојче.
“Тоа не ѝ пречи”, рече за АФП за ќерка ѝ Конрадсдотир. “Дури напротив – таа требаше да биде загрижена, ако престанев да ја хранам, за да можам да се искажам”, додаде уште пратеничката.
Исландски медиуми потврдија дека ова е прв ваков случај во историјата на земјата, која ги зазема првите места по еднаквост меѓу половите и која во 1980 година ја претстави на светот првата демократски избрана жена претседателка – Вигдис Финбогадотир.
Конрадсдотир е член на Комисијата за социјална заштита и ја предводи Комисијата за училишните прашања.