Временска прогноза

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со краткотраен локален дожд, повеќе врнежи се очекуваат во југоисточниот дел на земјава. време облачно

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно со пониски дневни температури, локално е можен краткотраен дожд, особено во западните планински предели.

В среда ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно се очекува извесно стабилизирање на времето.