(ВИДЕО) Институот „Димитрија Чуповски“ всушност никаде не постои!?

од desk3
69 прегледи

 

 

Институот „Димитрија Чуповски“ е фантомско здружение создадено од членови на ВМРО-ДПМНЕ со цел да пласира нереални анкети за да влијае на јавното мислење дека партијата на власт е непобедлива-информира А1он. Овој институт всушност никаде не постои иако шест години е регистриран на адреса на која првично живееа студенти, а сега живее семејство.

dimitrija-cupovski_1

А1он беше да побара одговори за последната анкета на фантомскиот институт во која на ВМРО-ДПМНЕ им имаше доделено 60 сигурни пратеници на престојните избори, но таму наместо таканаречените експерти, наидовме на семејство кое живее во овој простор и никогаш не слушнале дека тука има регистрирано институт за испитување на јавното мислење. Всушност, седиштето на институот се води на иста адреса на кое е пријавено и живеалиште на претседателот на институтот, но ниту тој не живее таму.

– Ве молам не ме прашувајте ништо. Нема тука институт, рече жената која живее на адресата.

Според документите од Централниот регистар набавени денеска, институт има неактивен деловен статус. Основната дејност на таканаречениот институт е „Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место“.
Повеќе ТУКА