Тренерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола призна дека очекува тежок натпревар против еден од поранешните тимови- Барселона. Вечерва двата тима излегуваат во средба од групната фаза на Лигата на шампионите, а Гвардиола најави дека сеуште мисли за тоа како да ја запре ѕвездата на каталонците Лионел Меси.

“Се уште не знам што да кажам на бранителите за тоа како да се смири Меси. Тој е голем талент и секогаш измислува нешто, како и другите двајца – Нејмар и Луис Суарез. 90 минути е многу време и тие сигурно ќе имаат шанса да постигнат гол. Доста се прецизни и сигурно ќе ј одбележат, ако не од првата, во втората можност “, коментира Гвардиола.