Дело посветено на сите Македонци каде и да се и кога и да постоеле, како што пишува авторот. Оваа книга, не е само историја, географија, лингвистика, етнологија и етнографија. Во неа, авторот во стилот на големите мајстори на науката која се бави со реконструкција на историјата, етногенезата и културата на еден народ, со леснотија не води кој најдалечното минато на македонскиот народ, расветлувајќи ги непознатите страни од славното минато, пишува во воведот на делото на Слободан Богоевски со наслов “Етногенеза и култура на древните Македонци”, чија промоција е закажана за сабота во 12 ч.
…„Патувајќи на крилјата на јазикот и писмото, читајќи го одвнатре значењето на зборовите од пишуваните историски извори од антиката, преку средновековието до денес, авторот ни ги открива капиталните одредници на големата македонска цивилизација. За прв пат имаме прилика, со користење на најдобрите научни методи и многу истражувачка страст и напор, да го сознаеме нашето азбучно писмо, старо повеќе од 8 000 години, од кое извираат и соверемените т.н. кирилични писма. Исто така, од истиот период ги гледаме и идеограмското и силабичко писмо и користењето лигатури во писмата, наречено и демотско (народно) писмо. Но, авторот воедно ни отвара и нови хоризонти и прашања. Правејќи компарации со писмата на Балканот, Апенините, Иберискиот полуостров, Франција, Мала Азија, Маите, Инките, Толтеците и други писма на народите од двете хемисфери на Земјата, установува заедништво во писмените графеми. Од каде извира заедништвото во писмата на овие народи, во толку далечно минато, современата наука нема одговор. Воедно, компарирајќи ги македонските космогониски, теогониски и митолошки легенди, како и фундаментите на идеологијата на верувања, авторот повторно го афирмира заедништвото на наведените народи и одново отвара нови прашања за потеклото на човекот и заборавените цивилизации.
Една од клучните одредници на етногенезата и културата на Македонците е сознанието за нивното потекло од Пелазгите, најстарите жители на Европа, Мала Азија, Медитеранот, Блискиот и Средниот исток. Авторот, убедливо не води кон заедничкото потекло, корените на Македонците, Елените, Бригите, Траките, Дарданите, Илирите, Мизите, Етрурците, Баските и други сега познати или пак исчезнати народи и цивилизации. Заедничкото писмо, јазик, култура и друго во далечното минато, неспорно ги маргинилизираат ненаучните теории за различноста и спротивставеноста на овие етноси во периодот на антиката и потоа. Уште повеќе, авторот ја разголува злонамерноста на тезата за дојденскиот карактер на т.н. Јужни Словени на Балканот, меѓу кои и Македонците. Ниеден историски факт не го потврдува тоа, а ние сепак веруваме во овие злонамерни теории како во религиозни догми и ги вселивме во нашите учебници по историја. Македонците се многу постари и од антиката, а уште повеќе од т.н. Словенство кое за прв пат се појавува со обидите за ширење на христијанството во 4 век.
Едно од највозбудливите поглавја во книгата е Хомеровата “Илијада” и “Одисеја”, како и тројанските Бриги. Од авторот, со едно поинакво читање на делата на Хомер (изворно Омир) откриваме кога се случила и каде тројанската војна (средината на VII век п.н.е); каде е Троја (лево од утоката на реката Марица “за Хелеспонт и Фригија преку”); каде е Илиј, престолниот град на тројанските Бриги и кралот Пријам; за космичките несреќи од VIII и VII век п.н.е и т.н. Во книгата ќе дознаете и кои делови на македонскиот народ се учесници во тројанската епопеја. Но, највозбудливо е сознанието дека тројанските Бриги всушност се македонски Бриги и нивната праколевка, со градовите Бероја, Гордион и Мантинеја, се во денешна Македонија. Но и дел од Германците и сите Скандинавски народи, според нивната книга на постанокот “Стара Еда”, веруваат дека нивното потекло е од балканските Бриги.
Во следното поглавје, авторот не води во долината на македонските цареви – Еордаја и Азот; Едеса; Ајга и Дион. Богатиот опус на историска лингвистика, лингвистичка географија во книгата, само ги надополнуваат пишуваните историски извори за периодот на устоличувањето на првиот цар од династијата на Аргеадите – Каран, на почетокот на XI век п.н.е. и Ајга, каде се гробниците на сите македонски цареви. Во ова поглавје авторот пишува и за Богомилите, нивната голема култура и влијание во Европа.
На крај, кулминација на изненадувањата е последниот дел од книгата каде детално се обработени и лоцирани во денешна Македонија главните градови Едеса и Пела, Миеза, градот на Аристотел, Дион, Бероја, праколевката на Тројанците, Аргос Орестиски и Ираклион (Хераклеја). Книгата завршува со прилози на антички и средновековни карти на Македонија и фотографии како изгледаат денес овие градови.
Ова е дел од промо материјалот на книгата на Слободан Богоевски , поранешен потсекретар на МВР и еден од осумтемината на демократската пролет на самостојна Република МАкедонија, закаѓана за в сабота напладне во Холидеј Ин во Скопје.