Општина Аеродром за 10 години потрошила 720 000 евра за кирија

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Општина Аеродром за една деценија само за кирија на општинската зграда потрошила 720 000 евра, обелодени ревизорскиот извештај на општината, пренесува 24 Вести.

ivica konevski

Според наодите од основањето на општинската зграда во 2005 година која била сместена во објект на улицата Венјамин Манџуковски за кирија месечно се давале 6 000 евра. За намалување на овие давачки градоначалникот Коневски лани општинската администрација ја пресели на нова зграда но наместо намалување сега за месечна кирија плаќа 2 000 евра повеќе односно 8 000 евра. Според извештајот Коневски однапред ги платил кириите за една година од 1 април лани до годинава во износ од 96 000 евра, тоа според ревизорот и Законот за јавни набавки е спорно бидејќи авансното плаќање не може да биде поголемо од 20 проценти. Во извештајот пишува;

„Произлегува дека за периодот од претходните 10 години, општината по основ на закупнина има потрошено средства во износ од приближно 720.000 евра, а и понатаму е без сопствен деловен објект во кој би работела општинската администрација“.

Поради ова ревизорот смета дека е потребно раководството на општина Аеродром да ги преиспита трошоците за закупнина.

Од канцеларијата на Коневски велат дека ревизорскиот извештај нема никакви забелешки ба материјално-финансиското работење и јавните набавки на општината што според општината е показател дека таа работи транспарентно и соглассно законските прописи. Што се однесува на киријата од општината велат

Забелешките на Ревизијата се однесуваат на висината на киријата што Општина Аеродром ја плаќа за просториите во кои е сместена, но со оглед на тоа што таа нема сопствени простории уште од своето постоење мора да издвојува средства за таа намена. Од нејзиното формирање обемот на работа се зголеми значително, така што мораше да изнајми и поголем простор за работа. За новото седиште надоместокот е повисок, но и квадратурата што ја користи администрација е за околу 900 квадратни метри поголема.

Ова е само еден од низата контроверзни ревизорски извештаи. Предходно во министерството за образование и наука беа обелоденети трошења на големи суми на пари без патни налози, агенди покана на гости, ручеци, хотелско сместување во категорија со пет ѕвезди како и вработени кои не биле на работни позиции.