Уапсените во Црна Гора српски “заговорници” остануваат во затвор

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Црногорските судски власти соопштија дека 14-те Срби, притворени под обвинение за обид за државен удар против прозападниот премиер Мило Ѓукановиќ во изборниот ден, ќе останат еден месец во притвор.

srbi-crna-gora

Нивниот раководител Братислав Дикич, поранешен шеф на српската жандармерија, започна штрајк со глад, соопшти неговиот адвокат Милан Петровиќ. Според одбраната  на 46-годишниот Дикич, тој пристигнал во Црна Гора, за да го посети манастирот Острог. Адвокатот дал изјава за новинарите по изрекувањето на Врховниот суд во Подгорица, соопшти портпаролката на судот.

Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, која е на власт од 1991 година, освои 36 мандати во 81-члениот Парламент и има потреба од поддршката на помалите партии, за да остане на чело на малата балканска држава со 620 000 жители.

Дел од опозицијата се залага против прозападниот курс на Ѓукановиќ и неговата одлука за влез во НАТО.

Во Србија Братислав Дикич е познат како поборник против присуството на НАТО во регионот.

Ако Црна Гора се приклучи на Алијансата, тој ќе го контролира целото јадранска крајбрежје на Балканот.

Србија е  традиционален сојузник на Москва, ќе биде опкружена со членки на НАТО, со исклучок на Република Македонија.

Опозициските партии најавија дека не ги признаваат изборните резултати, без да објаснат какви последици ќе има од таа нивна позиција.

Миодраг Лекиќ, лидер на коалицијата Кључ, е  трет и добил 9 пратенички места,  а објасни дека “во атмосфера на државен удар во денот на гласови” луѓето не го направиле слободно својот избор. Тој инсистираше да се разбере од чие име дејствувала групата на уапсените.

Белград вели дека не верува во овој “заговор”.

Проруски коалиција Демократски фронт, која ќе има 18 пратеници, објави  за операцијата за апсење на Србите како “брутална пропаганда” на власт.

Провладин весник “Дневни новине” објави  денес снимки на телефонски разговор меѓу двајца мажи, претставен како Дикич и друг член на групата . / АФП