Четири камери постојано ги набљудуваат хуманитарните коридори.

Рускиот центар за примирје меѓу завојуваните страни во Сирија на интернет во живо од Алепо го пренесува повлекувањето на борците кои го напуштаат градот по хуманитарни коридори.
Директниот пренос оди на четири камери лоцирани во реонот на западниот дел на патот Кастело и преминот Машарка, како и од дронови кои ја надлетуваат оваа маршрута на коридорите за излез од градот. Кадрите се подигнати на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.