
Двајца државјани на Украина си ги сменија имињата и презимето на Ајфон Седум за да добијат телефон како подарок во рамките на рекламна акција, спроведена од локалната продавница за техника. Слика на новиот пасош на едниот од двајцата Украинци е објавена во Фејсбук од интернет продавницата “Алло”. Слика на другиот “добитник” пак е објавен од блогерот Александар Барабошко.
Продавницата планира да “одигра” вкупно пет iPhone 7.