168
Хилари Клинтон води со рекордни за сегашната претседателска кампања со 12 проценти пред противникот Доналд Трамп.
Ова го покажува истражувањето на телевизија ABC. Кандидатката на демократите достигнала и 50-процентна поддршка на национално ниво меѓу Американците кои планираат да гласаат.
Поддршката за кандидатот на републиканците е 38%. Од штабот на Доналд Трамп признаваат дека милијардерот заостанува зад поранешниот државен секретар, но нагласуваат дека нема да се предадат.