
Новинар со над 20-годишна пракса , ненадејно одлучи да го фрли микрофонот и да се испроба на невообичаенљ дејност. Од скоро 44-годишниот Џим Вокер од американската држава Калифорнија снима во порнофилмови под псевдонимот Далас Стил, пренесува “Индипендент”. Поранешниот новинар ја објаснува својата одлука да ја смени професијата со фактот дека шефовите постојано бараат од него ексклузивни вести и прикривање на вистината во името на рејтингот. Вокер смета дека неговата историјата не е толку за порното , колку што излез од “угнетувачката средина”.
“Треба само да ја најдеш онаа работа која нема да те тера секој ден да мислиш за самоубиство”, раскажува новопечениот актер.
Весникот забележува дека во текот на целата своја кариера во медиумите Џим Вокер два пати бил носител на “Еми”. Работел во канали кои припаѓаат на CBS и FOX и земал интервјуа од неколку претседатели на САД.