Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше задоволен од успехот со 1: 0 над Манчестер Сити во Купот на Лигата. Португалецот призна дека ги пуштил стартерите поради поразот од Челзи со 0: 4 во Премиер лигата.

“Бевме во релативно добра серија, но поразот од Челзи (0: 4) беше тежок. Онаков каков што историјата на овој клуб не заслужува”, изјави Португалецот.
“Кога сум во одреден клуб, моето срце припаѓа на навивачите и јас сочувствувам. Никогаш не сум сретнал такви луѓе. Загубивме со 0: 4, а тие ни поддржуваа. Денес сите беа на стадионот и повторно ни покажаа поддршка.
Изгледа овој клуб е поголем од лоши резултати, поголем од три лоши сезони. Ние треба да им дадеме нешто за возврат. Денес играчите дадоа се од себе и дури да бевме изгубиле, чувството ќе беше исто, бидејќи фудбалерите покажаа дека држат до клубот и се борат за навивачите “, додаде Португалецот.
“Минатата недела се беше против нас, но ние сме професионалци. Среќен сум, играчите и навивачите ја заслужија оваа победа. Овој резултат во дербито дава пријатно чувство на сите”, изјави Мурињо.