Канадскиот хомосексуалец Гаетано Дјуга, кој беше наречен “главниот пациент”, бил неправедно обвинет во средината на 80-тите години на XX век, дека е првиот одговорен за епидемијата на сида во САД.

Ова беше потврдено од истражувањето објавено во списанието Nature. Болеста, одговорна за смртта на околу 650 000 луѓе во САД, направилa “скок” од Карибите во Њујорк во 1970 година, каде што потоа се шири, соопштуваат научниците.
Наклеветен дека бил виновен за епидемијата во САД Гаетано Дјуга, бил само една од многубројните жртви на болеста. Тој вложи напори за да им помогне на американските здравствени власти да разберат како се шири болеста, броејќи ги, пред својата смрт во 1984 година, своите десетици сексуални партнери. Публикацијата на Nature го разоткри добро познатиот мит за “главниот пациент” преку сериозен историски и генетски анализи.

Тим научници од Универзитетот во Аризона ги обнови корените на епидемијата по анализи на генетскиот материјал од осум заразени крвни примероци од пред 40 години, освен онаа на Канаѓанецот. Научниците успеале да го обноват геномот на вирусот. Тие не нашле ниту историски, ниту генетски докази дека токму тој бил првиот пациент во САД.
Дјуга е еден од најпознатите демонизирани пациенти во САД, вели Ричард Меккеј од Универзитетот во Кембриџ, кој е историчар во областа на јавното здравство. Тој вели дека уште од години има голем број историски докази за грешката со “главниот пациент”. Сега, сепак, како што истакнува тој, има и филогенетични докази (Генетско дрво утврдува сродство врски меѓу вирусите), кои го оправдуваат канадскиот стјуард како човекот кој прв ја донел болеста во САД.