Во Албанија децата масовно добиваат неалбански имиња

од desk3
780 прегледи

Ериселда и нејзиниот сопруг Ерјон се соочиле со сериозна дилема кога го избирале името за својот прв син. Тие сакале да е нешто кратко и едноставно, но нивните родители инсистираат нивниот внук да носи автентично албанско име. По многу дискусии е избрано интернационално име – Итан, верзија на популарното американско име Ијтон. “Го одбрав името Итан за својот син, бидејќи сакав да се изговара лесно и подеднакво насекаде во светот”, вели Ериселда Елмази.

0572016001477554485_571392_292x224
Како поранешна студентка во Италија таа се сеќава своите тешкотии со тоа странците да го изговараат името. “За пријателите и професорите беше тешко да изговараат моето име. Не го сакав тоа за својот син. Светот денес е отворен и не знам каде ќе живее тој, кога ќе порасне “, додава таа.
Илјадници млади родители во Албанија одат по по истиот пат на избор на странски имиња за своите деца. Според официјалните податоци ниту едно од 20-те најпопуларни имиња во земјата не е со албански корени. Меѓу 35 760 новороденчиња во Албанија во 2014 година, женското име Амелија беше најпопуларно- избрано 529 пати. Други вообичаени странски женски имиња се Ајла, Клеа, Сара, Кејси, Ноеми, Алесија и Леандро.
Кај машките имиња водечко е Ноел, избрано 490 пати, на второ место – Џоел (483 пати), како и на трето, напишано поинаку (116 пати). Други популарни машки имиња се Матео, Ергин, Луис, Арон, Семјуел, Роан и Роел. Оваа нова мода во имињата се очекува да продолжи откако традиционалните албански имиња се доживуваат како уште непопуларни, пишува BalkanInsight.
Но, многумина се загрижени. Според проф. Едмонд Драгош, социолог на Универзитетот во Тирана, предметниот тренд започна пред околу една деценија и е наследство од комунизмот. “Тогаш странските имиња беа забранети и целото тоа незадоволство од неможноста да го именуваш детето така, како што сакаш, ескалира по падот на режимот. И оваа неконтролирана нова слобода брзо се изроди во бришење на националниот идентитет”, изјави тој. Друга причина е масовната миграција на Албанци на Запад и на странските имиња се гледа како на ефективен начин за полесна интеграција.