Ако сакате да бидете среќни, променете го одговорот на само едно прашање

од desk2
72 прегледи

Girl drawing smiley face on to a wall

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: “Најважната одлука што можеме да ја донесеме е онаа, дали веруваме дека живееме во пријателски или непријателски универзум”.

И покрај тоа што вие не мора секогаш да се чувствувате така, начинот на вашиот поглед кон светот претставува свесна одлука, која треба да ја правите секој ден. Всушност, одговорот на прашањето: “Дали јас живеам во добар или лош свет?”, го определува начинот на кој вие гледате кон вашата среќа, благосостојба и воопшто животот каков што го знаеме.
Дали вие гледате кон светот како добро или лошо место, тоа има големо влијание на вашиот став, кој го имате во текот на целиот ден.
Со други зборови, ако секој ден го започнете со свесна одлука дека светот е добро место, толку е помала веројатноста дека вие во текот на денот ќе реагирате на негативен начин, кога ќе се случат некои работи кои не сте ги планирале. На овој начин, вие во себе ќе имате малку повеќе трпение и надеж.
Оние луѓе пак кои веруваат дека светот е непријателско и непопустливо место, во суштина се во постојана потрага на околности и случувања, кои само ќе го потврдат нивното верување.
Сепак, како што е споменато претходно, вие ја имате моќта да го изберете начинот на кој ќе гледате кон светот. Па така уште од самото утро, изберете зборови и фрази кои што рефлектираат позитивен став, како на пр. “Денес ќе биде добар ден”. Исто така, обидете се да го насочите вниманието на настани на кои се радувате во текот на наредните денови и недели, а не на стресни моменти на работа.
Еден од најбрзите начини повеќе да размислувате позитивно, е да бидете и благодарни за сите добри работи што веќе ги имате во вашиот живот, затоа што понекогаш среќата е во малите нешта.