Нов „кикс“ на Шкендија во дуелот со Шкупи

од desk3
81 прегледи

Фудбалерите на Шкендија уште еднаш не можеа да извлечат максимални три бодови во дуел против екипата на Шкупи.

Откако пред три дена во заостанати дуел во Тетово, составот на Шкупи славеше победа со 1-0, денеска во Скопје, овие две екипи одиграа без постигнат гол 0-0.
15180-mak-fudbal-shkendija-mladost-carev-dvor-07032016-8280
Со само едниот одвоен бод тетовската екипа дополнително ги намали шансите во трката за шампионската титула, во која актуелниот првак Вардар има четири бодови повеќе, но и средба за одигрување.
На останатите натпревари од 12.коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево постигнати се овие резултати: Силекс – Брегалница 1-0, Пелистер – Македонија ЃП 1-0, Ренова – Работнички 1-1.
Последниот натпревар од ова коло ќе се игра попладнево во терминот од 17 часот и 30 минути на арената „Филип Втори“ каде  лидерот и актуелен шампион Вардар ќе биде домаќин на прилепска Победа.
Табела: Вардар 25 бодови (-1 натпревар помалку), Шкендија 20, Работнички 19 бода, Пелистер 16, Ренова 15, Шкупи 13, Силекс 11, Победа 10 (-1), Македонија ЃП 9, Брегалница 8 бода./MИА