На Ахмети сега му текна : СДСМ нема право на албанските гласови!?

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Ова , како што објави телевизија Телма, Ахмети го изјави  пред подмладокот на партијата, вечерва во скопски Чаир.

Ахмети рече дека СДСМ за гласовите на Албанците  доцнат цели 15 години и запраша.

– Каде беа пред 15 години , кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик ? А сега, сакаат да владеат со помош на албанските гласови –  рече Али Ахмети.

ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии туку нејзин сојузник  е албанскиот народ.

Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на Социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.