Кој го донел оружјетото пред куќата на српскиот премиер Вучиќ – две бомби за ликвидација, нема шега со опасноста?!

од Vladimir Zorba
168 прегледи

03_1000x0

Речиси сите српски медиуми посочуваат дека двете бомби кои биле наменети за ликвидација на премиерот Александар Вучиќ пристигнале во земјата од Босна и Херцеговина, а рачниот фрлач зољата од Хрватска
Арсеналот бил само на 200 метри од целта. Но, денес се појавува нова информација, според српски Ало, зољата била произведена во 1989 година во фабриката Слобода кај Чачак, Нивниот извор, додава дека оружјето било складирано во Мирковци, но на 12.12.1991 година била пријавена лажна експлозија, по што исчезнало од магацинот.

04_1000x0

Вучиќ на вчерашната прес конференција посочи дека нема нови податоци освен оние кои се изнесени во јавноста. Но, при тоа подвлече дека со овие работи нема играње – шега, особено по она што се случуваше во Црна Гора.

Во меѓу време министерот за безбедност на БиХ, Драган Мекетиќ, потврди дека службите на двете земји интезиво комуницираат и бараат врски, како и кој од Босна го пренел оружјето до Јајинци. Бомбите биле сериозна закана.