Нова песна на “Металика” излегува за Ноќта на вештерките

од desk3
108 прегледи

Американската метал група “Металика” пушти нова песна , пишува сајтот “Пичфорк”. Ова ќе биде трет сингл од претстојниот десетти студиски албум на групата, кој ќе излезе на 18 ноември.

zx450y250_2854093

Извадок од песната “Atlas, Rise!” се појави на официјалниот сајт на “Металика” во крајот на минатата недела. Се очекува целоснатанејзина варијанта да излезе подоцна денес, а според “Пичфорк” тоа ќе се случи во 20:30 часот.

Претстојниот двоен албум на групата се вика Hardwired … to Self-Destruct. Две од 12-те песни во него беа пуштени во последните два месеци, а во септември излезе песната Moth Into Flame. Албумот ќе биде издаден на винил плочи, дискови и во дигитална опција.