
Специјална група на Републиканската гарда на Сириската армија спровела операција во градското предградие Џобар. Војницитее кренале во воздух оперативен центар на групата “Фајлак Рахман”, поврзана со движењето “Муслимански браќа”. Тоа се случило кога во него се наоѓале најмногу терористи, соопшти “Русская Весна” .Сириските гардисти ги задржаа позициите во Џобар крај Замалскиот мост, каде бил ископан долг тунел од мостот до реонот на терористите. Пред тоа разузнавањето открило тука важен команден центар на терористите.
https://youtu.be/eGeAzgBKVn4
Минираниот штаб бил центар на сите тунели во регионот, служел за снабдување и пренос на засилувања, извршувал функции на магацин за оружје и муниција, во него терористите се криеле од бомбардирања.
Уништениот објект бил користен како една од главните позиции за водење на снајперски оган и истрелување на ракетните напади на источните квартови на Џобар.