Писмо од читател за рубриката Граѓански:

Оливера Доцевска-како носител на независна листа на кандидати за пратеници и независната листа на кандидати за пратеници, се единствени независни кандидати на територија на Република Македонија, за периодот од 1991 година, за изборна единица 2, во последните 25 години, велат упатените.
Во својата мотвација за нив клучна беше желбата за промени, конечно освестување за потребата од независност од утврдената досегашна (не) идеолошка матрица на политичките структури, односно потребата да се чуе независната мисла во законодавниот дом, вистинските потреби на граѓаните/ките, односно од теоријата дека замавнувањето на крилјата на пеперутката во Тексас предизвикува торнадо во Колорадо, и дека за следните избори ќе се овозможат услови за независни кандидати и нови политички субјекти, кои ќе донесат промени.
Во меѓувреме се соочуваме со најразновидни опструкции воедно и целосна неорганизираност и конфузија во ДИК и ПЕ ДИК , посебно во Куманово.На усмени поплаки тврдат од ДИК дека реагираат, но промени на терен нема а веќе е 5-ти ден и роковите се истечени на половина. Тврдат и дека не треба да состават записник на усна поплака.
Рокот за собирање потписи истекува во недела во 00.00 часот, а вработените ВО ПЕ ДИК КУманово кои треба да се дежурни и постојано присутни од 8.30-19 часот секој ден, граѓаните кои сакаат да се потпишат, не можат да ги пронајдат на нивните работни места места.
На обраќање на раководителот на ПЕ ДИК Куманово, за регулирање на неправилностите, тој се обраќа на кандидатот – СО НЕ МИ ПОПОВУВАЈ н а барањето е да се постават видливи ознаки до местото на ДИК, време на собирање на потписи и име на кандидатот. Воедно потенцира дека така било и за Ѓорѓе Иванов кога се собирале потписи.!?
На почетокот , не постоеше воедначена пракса, ниту пак соодветно упатство, како воопшто да ги примат образците за потпис и што е потребно да се поднесе.
Во исто време и ретко каде по медиумите има информација за оваа постапка, иако е и премногу важна за демократијата и слободата., заради самиот факт дека да собереш 1000 потписи е скоро невозможна мисија, во целосно нефер и неправедни спротивни на Уставот услови и начелото на еднаквоста на граѓаните, посебно заради бројката која претставува популација едно мало село и ¼ на мал град. Можеби кога би се собирале потписите на територија на РМ, на јавни површини и по домовите би била возможно да се реализира, а дури и тогаш е под знак на прашање.
Ве замолуваме да ја објавите оваа информација, од причини што од ДИК тврдат дека немаат законска обврска тоа да го сторат, а тоа попречува и оневозможува да бидат фер и рамноправни условите за избор на независни кандидати за Пратеници во Собранието на Република Македонија, во однос на листите на политичките партии.
Имено, она што посебно го отежнува собирањето на потписите е фактот дека се собираат за неколку Општини на подрачјето на една, собирањето на потписи не е овозможено на јавни површини или по домовите на граѓаните, така да ваквиот начин на собирање на потписите ја оневозможува и достапноста до граѓаните/ките на Република Македонија. Во меѓувреме ДИК ниту пак подрачните единици на ДИК не почувствуваа потреба да не информираат дека одлучиле на 5-ти ден од собирање на потписите , листите за потписи од Липково и Старо Нагоричане да ги селат од Куманово , во овие Општини.А информацијата до граѓаните веќе оди неколку дена дека потписите се собираат во Куманово.
Ве известуваме дека од 28 Октомври 2016 година до 6-ти Ноември 2016 година, со работно време од 8.30 -19 часот, (и во сабота и недела, како и за време на пауза), се собираат 1000 потписи за кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во ИЕ 2 (Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Гази Баба, Арачиново, Гази Баба, Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево) , за
Оливера Доцевска- група избирачи и листа на независни кандидати.
Собирањето на потписите засега, се одвива на следните локации:
- За Куманово, Липково и Старо Нагоричане :
ДИК Куманово, кај Општина Куманово и МВР(бараките пред влез на зграда за издавање лични карти и пасоши), влез од задна страна на барака, од кај паркинг )
ул.11 Октомври бб
- Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Чучер Сандево:
ДИК Чаир – Општина Чаир, барака бр. 16, соба бр.15,
ул.Босна и Херцеговина бб
- Гази Баба и Арачиново:
ДИК Гази Баба
Општина Гази Баба(спроти х. Континентал) Барака 1, соба 7
Бул.Александар Македонски бб
- Ѓорче Петров:
Козле, Барака на Општина Карпош(урабана заедница К.Ј.П. и Пецо Божиновски- Кочо)
ДИК – (помеѓу германска амбасада и угостителско училиште, ул.Стрезово 7)
Со почит,
Оливера Доцевска- група избирачи и независна листа на кандидати за пратеници за ИЕ 2