МКС ќе започне истрага за воени злосторства извршени од Американците во Авганистан

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Фатух Бенсуда (на фотографијата) објави дека започнува истрага против САД под обвинение за можни воени злосторства и злосторства против човештвото5141219 Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе започне целосна истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Авганистан извршени евентуално од американската армија, пишува списанието. “Форен полиси џурнал”, повикувајќи се на свои извори.

Весникот посочува дека главниот обвинител на МКС Фатух Бенсуда ќе почне истрага во следните неколку недели, најверојатно по претседателските избори во САД на 8 ноември и сигурно до крајот на оваа година.

Според списанието, претставници на САД дури го  посетиле Хаг неодамна, за да разговараат за евентуалниот почеток на истрагата и да ја изразат својата загриженост. Од “Форин полиси џурнал” потсетуваат за повторените обиди на обвинителството да го привлече вниманието на заедницата кон наводните  злоупотреби со приведени лица од војниците  на САД меѓу 2003 и 2005 година Во извештајот на минатата година, судот истакна дека “злосторствата биле извршени со посебна суровост и на начин кој се сведува на омаловажување основното човеково достоинство на жртвите. 171321-megjunaroden-krivichen-sud-za-generalniot” Многу веројатно е Бенсуда да бара одговорност и за воздушните напади на американските сили врз организацијата на “Лекари без граници” во Кундуз, во кои загинаа неколку десетици луѓе.