Со нова чаша „Старбакс“ ги повикува Американците на единство

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

Старбакс претстави нова чаша за кафе наречена – Чаша на единството, на само неколку дена пред претседателските избори во САД.stabaks

Чашата е со зелени и бели бои, дело на Шого Ота кој врз неа нацртал мозаик од преплетени силуети на стотина луѓе од различни средини.

Претседателот на Старбакс, Хауард Шулц изјави дека во моментот кога целата држава е разделена, Старбакс сака да создаде симбол на единството што ќе им  укажува на Американците да споделуваат вредности и за неопходност да бидат добронамерни и благонаклонети едни-на-други.