Ердоган: ЕУ не гo исполнува миграцискиот договор!Зошто? Бидејќи тие се нечесни и неискрени!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

ЕУ уште ги дава 3-те милијарди евра од миграцискиот договор, иронизира Реџеп Ердоган.

5143469

Турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини Брисел дека не ги исполнува обврските по миграциската зделка. ЕУ уште не ги дале 3-те милијарди евра, изјави претседателот, цитиран од телевизијата Ен Ти Ви.

Земавме 3 милиони бегалци. ЕУ ни вети кон јули дека ќе ни обезбеди 3 милијарди евра. Ние добивме од нив 200-250 милиони. Зошто? Бидејќи тие се нечесни, неискрени .

Рекоа дека ќе дадат три милијарди и уште ги “даваат”, истакна Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истамбул. Тој додаде дека ЕУ се загрижени за миграциските проблеми, дури откако Анкара изјави дека е подготвена да ги отвори границите со ЕУ за бегалците. “Штом рековме дека може да ја  отвориме вратата, тие веднаш се загрижени. Велат: “Што сакате да направите?” “Како што? Овие луѓе сакаат да дојдат кај вас, па ние ги пуштааме “. И веднаш се возбудени! За нив нема никакви права на човекот. Треба да се разбудиме и да дојдеме на себе “, повика претседателот.

Локално .мк потсетува, согласно миграцискиот договор Турците презедеоа обврска да  ги прифатат илегалните мигранти  да влезат од нејзината територија во ЕУ (во Грција). Во замена ЕУ вети финансиска помош првично од 3 милијарди, плус уште 3 милијарди евра, укинување на визниот режим за турските граѓани и забрзување на преговорите за прием на Турција. / РИА-Новости