Децата од мали треба да се учат да губат

од desk3
240 прегледи

detence

Родителите кои ги оставаат своите деца да победуваат во игрите и натпреварите, им даваат лажна самодоверба што може да ги спречи во апсорпцијата на некои вештини, соопшти Фокс њуз, повикувајќи се на истражување на Амхрстскиот колеџ.

Децата кои преживуваат само успеси, особено незаслужени, може да заклучат дека имаат посебни вештини и не бараат помош. Научниците собрале 112 деца на возраст меѓу 4 и 5 години, кои биле поделени во 4 одделни истражувања. Задачата била да се најде некоја играчка со инструкции од возрасен кои варирале според групата.
“Сите знаеме дека има ситуации во кои возрасните се обидуваат да дадат доверба на децата, и да доделат трофеи на сите во тимот, на пример. Само што ако децата преживуваат само успеси, може да асимилираат неефикасни пристапи кон решавање на проблеми”, тврди доктор Кери Палмкуист, шеф на истражувањето.