Во повеќе демократски држави гласањето односно изборите се во недела, додека во САД се одржуваат во вторник првиот понеделник на ноември. Ова е запишано во Законот од 1845 година.

Тогаш американското општество се занимавало воглавно со земјоделство. Луѓето се движеле главно со коњи и коли и тогаш им требало еден ден за да стигнат до окружните административни центри, за да гласаат и еден ден, за да се приберат дома.
Според мислењата на општеството од крајот на XIX век, процесот на гласање не смее да пречи во деновите за молитва, а среда бил пазарен ден. Така останал вторникот како најсоодветен ден за гласање … за припадниците на аграрното општество.
Во модерните времиња, сепак, се повеќе луѓе се незадоволни против одржувањето на изборите во вторник, бидејќи за многумина е тешко да одвојат време од напнатите работните денови, а тоа води и до тешкотии за бизнисот.
На 18 април 2013 година во Конгресот е поведен закон за поместување на денот за гласање во сабота или недела по првиот петок од ноември, но текстот се уште не е одобрен. Дали тоа ќе се случи за време на мандатот на новиот шеф на државата, или традицијата ќе надвладее – ќе видиме.