Чилиќ го запре Ѓоковиќ и му го отвори патот кон врвот на Мареј

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ загуби од Марин Чилиќ со 4-6, 6-7 (2) во 1/4-финален натпревар од Мастерсот во Париз. Овој пораз може да стави крај на доминацијата на Србинот во светската ранглиста, која траеше 122 недели .

 

novakЕнди Мареј ќе има можност да стане првиот Британец во историјата, кој стигна до првото место во светот, а за таа цел мора да стигне до финалето на турнирот во француската престолнина. Ѓоковиќ вчера успеа да запише тежок успех против Бугаринот Григор Димитров, но денес беше запрен  од Чилиќ, кој се наоѓа во одлична форма . Хрватот  ја освои титулата во Базел минатата недела, а денес се претстави исклучително стабилно против Ѓоковиќ, за да го сними својот прв успех над овој ривал од 15 обиди и да стигне до полуфиналето во Париз. Шампионот од US Open 2014 постигна два брејка во првиот дел, за да поведе во резултатот, но во вториот сет неговиот ривал повлече со пробив. Чилиќ сепак успеа да го врати веднаш, а при резултат 5-4 имаше две меч топки на сервис на Ѓоковиќ. Србинот покажа карактер и ги одрази, како на крајот се дојде до тајбрејк. Во него сепак Новак  немаше сили да се бори и на крајот Чилиќ победи по час и 44 минути игра. На овој начин судбината на Ѓоковиќ веќе не е во неговите раце. Тој треба да се надева  Мареј да не дојде до натпреварот за трофејот, за да се задржи на првата позиција во ранглистата. Подоцна денес Британецот се соочува со Томаш Бердих во друг натпревар од 1/4-финалето. Чилиќ ќе сретне со Американецот Џон Иснер во полуфиналето