Временска прогноза: Променливо облачно, кон крајот на денот, во западните и северните делови со повремен дожд

од Vladimir Zorba

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.esen-oblak

Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со температура до 19 степени.

До четвтрок времето се очекува да биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во среда се очекуваат обилни врнежи од дожд особено во западните, а попладнето и во источните делови. Во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Слични содржини