Тоа се случи на средбата помеѓу Министрите за одбрана од Централна Европа
Во неа учествуваа министрите за одбрана од Центролноевропската одбрана иницијатива, меѓу кои беа претставници од Чешка, Хрватска, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија и Србија.
По средбата Доскоцил истакна дека договорот со Турција не се применува – многу малку бегалци се вратени во оваа земја, а во исто време е зголемен за 400 отсто бројот на мигрантите кои пристигнуваат по грчките острови. На овој начин се ставени под прашање претпристапните преговори со Турција, истакна австрискиот дипломат №1.
Врз основа на правните можности во одделните држави треба да се преземат мерки за заштита на надворешните граници со воени, полициски и цивилни сили …. Австрија може да испрати во Бугарија 40 транспортни возила, а на Србија да и обезбеди 30 камери за ноќно набљудување, појасни Ханс Петер Доскоцил и соопшти дека министрите за одбрана може да упатуваат писмено барање за финансиска поддршка од ЕУ. Учесниците на средбата се договорија како нареден чекор да биде изготвување план за акција, заедно со министрите за внатрешни работи. Овој документ ќе треба многу подетално да опишува како ќе се дејствува и какви се можностите при запирање на примената на договорот со Турција. Во оваа врска Доскоцил, заедно со министерот за внатрешни работи на Словачка Роберт Калинак, ќе организира средба со министрите за одбрана и за внатрешни работи од регионот. Сеуште не е одреден датумот за оваа средба, но на неа ќе бидат поканети претставници и од Бугарија и Романија. Денес учесниците на форумот ќе учествуваат на конференцијата за мировните мисии на Балканот, која ќе биде отворена во босанската престолнина Сараево.
Потсетуваме дека договорот меѓу ЕУ и Турција беше потпишан на 8-ми март оваа година во Брисел. Ден пред тоа Република Македонија ја затвори границата со Грција за мигрантите во т.н.. “Балкански пат”. Во него минатата година поминаа над 800 000 луѓе, а од почетокот на оваа година до затворање околу 80 000 луѓе. Сите тие доаѓаа организирано од грчките власти со автобуси и возови до македонската граница. По затворањето на правецот во текот на неколку месеци, властите во Атина ги држеа во кампот Идомени над 15 000 мигранти. На крајот на месец јули Србија донесе одлука за воспоставување на заеднички воено-полициски екипи, кои почнаа да патролираат по српско-бугарската и српско-македонската граница за запирање на нелегалните мигранти.
Според властите во Белград до сега тие се спречиле над 15 000 обиди за нелегално преминување на бугарско-српската граница. Во исто време се уапсени десетици шверцери на луѓе, вклучувајќи и неколку бугарски граѓани.
