Срби преименувале село и ракија во чест на Владимир Путин

од desk3
124 прегледи

14937276_1256337104430585_2354902829008358384_n_1000x0

Жителите на селото Хаџинце во југоисточна Србија донеле одлука името на селото да го сменат во Путиново, во чест на рускиот претседател.

Старото име на селото поттекнува од времето на турските власти и на локалните жители никогаш не им се допаѓало. После гласањето, селаните една недела работеле на новиот знак на влезот на селото. Знакот е направен од огромна дабова даска на која е изрезбарено името на селото – Путиново.

zlatibor-sljivovica-rakija-sajam-1328585176-81661

Во интервјуто за порталот БалканПро.ру локалните жители велат дека наместо традиционалните ракии од слива и кајсија, селаните сега произведуваат еколошки чиста ракија „Путиновача“./МИА