Официјално: Принцот Хари ја потврди врската со актерката Меган Маркл

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Принцот Хари денеска конечно потврди дека “веќе неколку месеци“ е во врска со актерката Меган Маркл, која се прослави со серијата “Suits”.prince-harry-girlfriend-meghan-markle-729371

Во необична изјава за неговиот љубовен живот, Кенсингтошката палата истакна дека Хари е “загрижен за безбедноста на г-ца Маркл“ како последица на нападите кои ги претрпе со избувнувањето на гласините за нивната врска пред девет дена.39f9b53600000578-3916188-image-m-47_1478600393191

Изјавата која беше споделена во 10 часот изутрина како одговор на растечката кралска загриженост за благосостојбата на г-цата Маркл гласеше: „Не е праведно по неколку месечна врска со него г-цата Маркл да стане предмет на таква бура од напади“.146ca09700000514-3916188-image-a-48_1478600402442

Врската помеѓу принцот и актерката беше обелоденета на 30 октомври со едноставно забележување од страна на новинарите дека обајцата имаат споделено фотографии носејќи исти “пријателски“ плетени алки.