Еве не на уште 32 дена до вториот референдум по ред , на кој граѓаните масовно треба да кажат дали се за останување или за отселување од државата.
Сите ние во изминатите десет години поминавме низ еден чуден, тежок период во кој сведочевме како системски слободата ни се одзема, како правната држава длабоко ја закопаа една група бедни, исфрустрирани , ненаситни криминалци , кои во името на Александар и Скендербег преќу ноќ станаа милионери, а на Мекедонија и на сите нас мајка ни расплакаа.
Долго време а и најголемиот скандал со прислушкување, веројатно во светот, ни требаше да се разбудиме од таа граѓанска кома и сега веќе кога сме будни не смееме да застанеме со поставување прашања, барање одговори, барање логика и сенс во одлуките кои се носат.
Одлуки кои патем овојпат се многу побитни од било кои други направени во некои други доби од поновата македонска историја. Затоа важно е… Важно е да не се истрчуваат опозициските релативизатори со заклучоци за неопходноста на Лиле на листите.
Важно е да не се самонеутрализираат младите hope to be пратеници невино релативизирајќи ги годините на Лиле како пратеник со ВМРО.
Важно е да се биде искрен и ако се прават математики да се прават точните математики. И важно е да се знае дека прелибералното користење на терминот “авангарда” само го изместува фокусот на прашањата во јавност кои за волја на вистината не се сите добронамерни.
Концептот на ваквата застапеност на цивилниот сектор во пратенички листи за македонски услови е авангарден но таканаречената авангардност на листите ги зголеми очекувањата и од начинот односно логиката врз чија база се носат одлуките.
Така што Ферид Мухиќ и Ѓулмсер Касапи никогаш нема да можат да бидат, како викаат американците Up to Level на она што подразбира авангарда.
Но од сите важни работи, најважна е онаа главната работа, причината поради која се собираме, збориме, се бориме, се лактаме зошто мислиме дека можеме да помогнеме, се караме меѓусебно зошто знаеме дека овој пат е најважно да паднат фашистите.
Ова се лоши времиња за човек да мисли само на себе. Ова се лоши времиња во кои се бориме за елементарни работи како вода, воздух, правда, слобода. Ова се можеби и добри времиња за опортунистите и оние кои мислат само на себе и времиња во кои веројатно неколкумина такви и ќе не потсмуваат и ќе не подизлажат.
Но ние нема да заспиеме, Шарена Револуција, #Протестирам и годините по улици оставија зад себе будни граѓани кои нема веќе да премолчуваат и најситни неправди (за што патем се доказ и изминативе неколку дена). Затоа другари, секој си го носи бремето на своите одлуки, а судбината на тоа за кое со месеци, секојдневно одевме по улици се одредува сега, деновиве, месецов.
Замир Мехмети – Фејсбук статус