Твит на денот: Светот нема да заврши, но ќе стане луд

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Германскиот министер за правда Хајко Мас исто така се вклучи во коментарите по објавувањето на Доналд Трамп за нов претседател на САД.

zx450y250_2860137

На Твитер профилот Мас напиша дека светот сега ќе е едно лудо место.

“Светот нема да заврши, но ќе стане луд”, најави министерот, кој е член на Социјалдемократската партија – коалициониот партнер на демохристијаните на Ангела Меркел

Тоталниот аутсајдер на политичкиот систем на САД Доналд Трамп е изненадување за сите аналитичари и социолози, ќе биде новиот претседател на САД. Бунтот на над 50 милиони избирачи против статус кво елитата во Вашингтон се покажа за сите изненадувачки масовна.

Берзански индекси паднаа до ниво, аналогни на оние по референдумот на Велика Британија за излез од ЕУ. Цената на златото нагло се зголеми, бидејќи инвеститорите бараат безбедност.