Веројатно и еколошките регулативи ќе бидат ублажени
Други приоритети според Меконел ќе е усвојувањето на поддржана и од двете водечки партии во САД сеопфатна даночна реформа и безбедноста на границата. Тој исто така изрази очекување новиот претседател Доналд Трамп да номинира наскоро нов судија во Врховниот суд и да go преиспита еколошките прописи, воведени од демократот Обама, вклучувајќи ja онаа во индустријата со јаглен .
Меконел освен тоа даде да се разбере дека Конгресот нема да донесе одлука за какви било трговски договори пред Трамп да дојде на функцијата во јануари.
Така тој ги уби последните преостанати надежи дека САД ќе ги ратификуваат дотогаш приоритетни за Обама Транстихоокеанско партнерство (ТТП) за создавање на зона на слободна трговија во регионот.