Целата верзија на Божиќната реклама на Џон Луис е конечно тука. Кампањата која наводно чинела 7 милиони фунти за да се продуцира е именувана #BustertheBoxer (Боксерот Бастер) и е фокусирана на група необично разиграни животинки (лисици, ежови и верверички) и девојчето Бриџет, кое добива трамполина за Божиќ.
Овогодиинешната реклама е создадена во партнерство со Wildlife Trust (фонд за диви животни), кој ќе добие 10% од продажбата на играчките во форма на животните, кои веќе се во продажба.
Овој краток филм, во чија позадина свири преработка на класикот на Ренди Крафорд One Day I’ll Fly Away, е значително повесел од минатогодишниот #ManontheMoon, (подолу), за кој се коментираше дека е премногу тажен.
Погледнете го видеото тука:
https://www.youtube.com/watch?v=sr6lr_VRsEo
Како и минатогодишното:
https://www.youtube.com/watch?v=wuz2ILq4UeA