Нема запирање! Турција го уапси директорот на Управниот одбор „Џумхуриет“

од desk3
86 прегледи

Турските власти денеска го уапсија директорот на Управниот одбор на опозицискиот весник „Џумхуриет“, откако девет уредници и новинари од овој весник беа уапсени минатата недела.

zx450y250_2861870

„Џумхуриет“ објави дека претседателот на Управниот одбор Аким Алтаи е уапсен на аеродромот во Истанбул по пристигнувањето од Германија.

Деветмина уредници и новинари, вклучувајќи го и актуелниот и главен уредник се наоѓаат во притвор и чекаат судење, а овие приведувања ја зголемија загриженоста кај западните земји поради кршењето на медиумские слободи во Турција./МИА