Над 6000 словенечки полицајци во текот на три месеци земале повисоки плати поради банална грешка, која била откриена предоцна, и сега ќе треба да ги враќаат парите, пренесе “Танјуг”. “Ако секој полицаец во просек три месеци земал со 150 евра повисока плата, тоа значи дека вкупно се надплатени околу 3 милиони евра. Тешко ми е да поверувам дека никој не го забележал тоа, веројатно сите молчеле додека грешката не биде откриена “, рече член на полицискиот синдикат, кој побарал да остане анонимен.

Од средината на годината словенечките полицајци инсистираат за зголемување на платите, но излегува дека неочекуваното зголемување не било резултат од преговорите со Владата. Министерството за внатрешни работи објасни дека полицајците добивале повисоки плати во јули, август и септември поради грешка во апликацијата за пресметување на месечните надоместоци, која довела до удвојување на надоместоци за ноќна работа, работа во недела и на празници, како и некои други надоместоци. Така во трите месеци полицајците добиле во просек по 68 евра шпвеќе, но за некои од нив доплатата достигнала до 300 евра. Сега тие ќе мора да ги враќаат погрешно исплатените пари, а министерството ќе им даде можност за одложено враќање.