Втор пат одложено судењето на Павле Богоевски, требало да се проучи вештачењето…

од desk3
89 прегледи

По втор пат е одложен судењето против Павле Богоевски, кој е обвинет од ОЈО дека како активист на Шарената револуција, ја обоил зградата на Министерството за култура за време на на протестите.

pavle-bogoevski-pred-sud
На денешното рочиште обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението, односно на 5 мај.

Богоевски и Судот, првпат дознаа дека обвинителството направило вештачење, по што и одбраната побара и доби одлагање за 21. идниот месец.

Минатото рочиште беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура.

Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Тој на почетокот на судењето рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел од групата што Зврлевски ја нарекува толпа, но дека не признава вина.

Слични содржини