Научниците: За да бидете здрави и убави, не спијте во ист кревет со партнерот

од desk3
117 прегледи

 

Спиењето во заеднички кревет со партнерот често води до прекин на сонот, што предизвикува голем број здравствени проблеми и лошо се одразува на кожата, утврдија научници, цитирани од “Дејли мирор”.

image_5873188_126

Една третина од Британците кои ја делат заеднички брачната одаја со партнерот, имаат проблеми со спиењето, бидејќи тој често е прекинат. А тоа води до зголемен ризик од депресија, болести на срцето и мозочен удар. Д-р Нери Рамлахан препорачува на паровите да спијат во одделни соби, што ќе им се одрази добро поради здрав сон. Според неа многу тешко се среќава “компатибилни партнери во сон”. Ненаспаноста лошо се одразува и на кожата. Луѓето кои често се будат ноќе, губат 30 проценти повеќе вода од кожата при изложување на ултравиолетови зраци. Индивидуите со лош сон изгледаат и двапати постари. Тие имаат повеќе брчки и потешко закрепнуваат после изгореници од сонце.