Неверување во Барселона по одбивањето на Меси да го продолжи договорот

од desk3
101 прегледи

По објавувањето на информацијата дека Лионел Меси одбил да го продолжи договорот со Барселона, во каталонскиот клуб владее разочарување.

638-397-lionel-mesi

– Не знам што ќе се случи во иднина, но јас се обидувам да му објаснам на Меси дека Барселона е најдобриот клуб на светот, изјави првиот човек на клубот Бартомеу.

Угледниот шпански весник „Марка“ пренесе дека Аргентинецот одбил да го продолжи договорот со Барселона поради проблемите со властите и судовите околу неплатениот данок.

Актуелниот договор на најдобриот фудбалер на Барселона истекува по две години и во клубот се надеваат дека до тогаш Меси ќе го смени мислењето./МИА