(ВИДЕО) И за нив живот! Крави – жртви на земјотресот во Нов Зеланд

од desk3
120 прегледи

0000322330-article2

Хеликоптери и авиони од ВВС на Нов Зеланд почнаа евакуација на луѓето кои се блокирани на Јужниот остров на земјата по силниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер што ја погоди земјата во неделата.

4 хеликоптери ги евакуираат луѓето на место, вклучувајќи и туристите. Најсериозна штета има градот Кајкоура.
Таму се уништени патишта и железнички линии, нарушена е електрична енергија, а резервите на вода завршуваат. Почнува итна испорака на стоки од прва потреба.

Во меѓувреме беа распространети кадри и од стадо крави, како стојат на откинато парче земја по земјотресот, кои предизвикаа емоционалните реакции на многу луѓе низ светот.

Но трите животни се спасени – фармери им ископале патче, по која кравите се симнале и веќе кротичко преживаат.