Првата дама на САД Мишел Обама се сними за насловната страница на списанието Vogue. Фотографиите се објавени на страницата на весникот во Instagram. Автор на фотографиите е легендарната фотографка Ени Лејбовиц. Ова е трета фотосесија на првата дама на САД за американскиот Vogue. Тоалетите се на Каролина Херера и Версаче.
Овој пат Мишел раскажува за животот во Белата куќа, како и сподели на кој начин избира облека за важни настани.
Изданието ја следи внимателно атмосферата при средбата со првата дама.Моментот веќе е мирен. Нема тури и прес-конференции. Завршиле и државните вечери, и церемониите по наградување со медали. Има само една добро опремена куќа, го опишува Vogue крајот на една ера.
Според нејзиниот сопруг Барак Обама, како и многу од првите дами, оваа улога ѝ била наметната и на Мишел. Деновиве сепак таа се претвора во силна личност и вниманието гравитира околу неа. Претседателот на САД се сеќава и што го натерало да се вљуби во сопругата, имено заради великодушноста и чувството за хумор и самоиронија.
Една од најголемите акции, со кои сериозно се зафаќа госпоѓа Обама е да ги поддржува семејствата на воените лица и исто така ја претвора здравата исхрана меѓу тинејџерите во својата мисија.
Градината во Белата куќа често беше исполнета од деца кои се грижат за различни сорти зеленчук, а заедно со нив работеше и првата дама.
Мишел вели дека за осум години, во кои престојувала во Белата куќа, времето станало доста топло, а тоа влијаело на екосистемот, создаден со многу напор и труд.
И фактот дека поминува многу време меѓу млади луѓе, ѝ помага на госпоѓа Обама да го чувствува пулсот на времето. Се состанува претежно со студентите. Малку по влегувањето во Белата куќа таа започна и програма за менторство за девојки во нерамноправна положба. Се гледаат секој месец од 2009 година.
Приказната за првата дама е живописна. Минува низ сите соби во Белата куќа во кои нејзината активност и присуство оставиле трага. Изданието ја нарекува “првата дама во која светот се заљубил”.
И иако ја напушта Белата куќа, Мишел не тагува, туку прави планови за следната фаза од животот.Самата таа се сеќава како ја напушта работа во адвокатската канцеларија и се зафаќа со социјалните активности како прва дама. Уверува дека ќе продолжи да е јавно посветена. “Се чувствувам среќна”, категорична е таа.
За овие години Мишел се претвора во вешт коментатор, како и во една од најгламурозните дами во светот.
Видете ја Мишел Обама во галеријата.