Триумф на Макаби над Фенербахче во Евролигата

од Vladimir Zorba
64 прегледи

 

Кошаркарите на Макаби ја постигнаа третата победа во Евролигата откако синоќа на домашен терен го победија Фенербахче со 87:77, а за гостите од Турција ова беше трет пораз.kosh

Најефикасен на дуелот беше Сони Вимс од Макаби со 22 поена. Вредна и минимална победа оствари Црвена Звезда на гости кај Бамберг.

Резултати на вчера одиграните натпревари од 7.коло:

Макаби – Фенербахче 87:77,
Анадолу Ефес – Уникс Казан 104:99,
Бамберг – Црвена Звезда 78:79 и
Армани Милано – Басконија 88:76.

Вечерва се играат другите четири дуели од ова коло:

Дарушафака – ЦСКА Москва,
Олимпијакос – Барселона,
Реал Мадрид – Панатинаикос и
Жалгирис – Галатасарај.

Табела: ЦСКА Москва 6-0 (победи-порази), Реал Мадрид 4-2, Панатинаикос 4-2, Барселона 4-2, дарушафака 4-2, Басконија 4-3, Армани Милано 4-3, Фенербахче 4-3, Олимпијакос 3-3, Макаби 3-4, Црвена Звезда 3-4, Анадолу Ефес 3-4, Бамберг 2-5, Уникс Казан 2-5, Жалгирис 1-5, Галатасарај 1-5./MIA