Барак Обама: Се соочуваме со појава на „суров национализам“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Американскиот претседател Барак Обама предупреди на појавувањето на „сурова форма на национализам“, правејќи паралела меѓу британскиот референдум за напуштање на ЕУ и претседателските избори во САД, пренесуваат лондонските медиуми во освртите на последното негово официјално патување во странство во својство претседател.obama

Би-Би-Си оценува дека е значајно тоа што Обама, објаснувајќи ја поврзаноста на референдумот и американските избори, укажал дека и во двата случаи се покажало оти луѓето се помалку се сигурни во нивниот национален идентитет и во местото што го имааат во светот, што произвело популистички движења, како меѓу левицата, така и меѓу десницата.

Обама затоа смета дека светот мора да се одбрани од трибализмот, што сега се создава, со се почестото инсистирање на поделби на „ние“ и „тие“, како и на „нас“ и на „нив“.

Според американскиот претседстел, тоа во САД се огледува низ заканите од делби по расна, религиозна и етничка линија, но во Европа во минатото национализмот и конфронтациите го вовлекоа континетот во две крвави светски воени судири.

Британските медиуми забележуваат дека и сомнежите во глобализацијата, задскриени зад прашања за религиозниот, етничкиот или културниот идентитет, Обама ги стави во една таква превртлива и непостојана мешавина од стравувања и неверувања.

– Политичарите сега треба да ги задоволат лугето кои се исплашени, гневни и загрижени, што нема да биде лесно, оцени американскиот претседател, истакнувајќи дека визијата за иднината треба да се определи според она што му е заедничко на светот, а не според она што го дели и конфронтора