Вавринка во два тај-брејка го совлада Чилиќ

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка синоќа го победи Хрватот Марин Чилиќ со 2-0 во сетови, на два пати се играше тај-брејк.download-4

Ова беше прв триумф за Вавринка на Мастерсот во Лондон по што ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

На првиот вчерашен дуел Енди Мареј славеше со 2-1 против Кеи Нишикори.

По две рунди во А групата води Мареј со две победи, Нишикори и Вавринка имаат по една победа и еден пораз, додека Чилиќ е последен со два загубени меча.

Денеска на програмата се мечеви од третото коло во А групата. Новак Ѓоковиќ (Србија) за противник ќе го има Давид Гофин (Белгија) кој на турнирот влезе како замена за Гаел Монфилс (Франција) кој се пожали на повреда. Овој меч е закажан за 15 часот.

Од 21 часот се среќаваат Милош Раониќ (Канада) – Доминик Тием (Австрија).

Во Б групата Ѓоковиќ има максимални две победи, Раониќ и Тием по една победа и еден пораз./МИА