Се затепале и судијки од Управниот суд

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Две судијки на Управниот суд, чиј идентитет е познат на редакцијата на Макфакс, се степале откако претходно двете изнеле различен став за сето она што изминативе денови се случува со нивните колеги во скопскиот кривичен суд, пренесе агенцијата.

img_01

Едната од судијките била на мислење дека она што го прават нивните колеги во „единица“ е исправно, но тоа не и се допаднало на другата судија, па вербалната расправија преминала во физичка пресметка.

Од судот сé уште нема никаква официјална реакција на случувањата, но несомнено дека судиите сé погласно и со многу емоции говорат за состојбите во судството.