Во Индија умираат најмногу луѓе од селфиja

од desk3
93 прегледи

1479517776-7435dca585d37c2f66d09f78df5e8cfa-1

 

 

Излегува дека секоја година се зголемува бројот на смртни случаи во светот во обид за правење на селфи слика на невообичаено место. Тим од американски истражувачи се надева дека успеал да најде решение на овој проблем и тоа е во форма на апликација која ќе ги предупредува корисниците кога постои ризик за нивното здравје.

429767-extreme-selfies

Првата информација за смрт во обид за снимање на селфи е во 2014 година, а досега студентите од Универзитетот “Карнеги Мелон” успеале да регистрираат вкупно 122 случаи во целиот свет. Во 2014 се регистрирани 15 инциденти, 39 – во 2015, и 73 само за првите 9 месеци од оваа година.

 

extreme-selfies-10

 

Поголемиот дел од смртните случаи се во Индија – 76, 9 се регистрирани во Пакистан, 8 има во САД и 6 – во Русија.

 

 

 

Во повеќето случаи смртта е предизвикана од пад од голема височина – луѓето се обидуваат да направат слика на уникатни карпи или на врвот на некоја зграда, за да ги импресионираат своите следбеници во социјалните мрежи. Во Индија сепак повеќето смртни случаи се поврзани со возови, бидејќи луѓето сакаат да се сликаат на или во близина на шини со нивните пријатели, како симбол на вечно пријателство и затоа се смета за романтично.

 

fqpdcas

 

Во САД и во Русија поголемиот дел од фаталните инциденти се поврзани со оружје. Апликацијата на американските научници ќе се обиде да го предупреди корисникот,  ќе може да препознае кога се прави обид за слика на голема височина, близу до шини или во други опасни ситуации, а ќе се користи лоцирање и препознавање на предметите во кадарот. Екипата го тестирала својот алгоритам со 3000 селфија и има постигнато степен на успешност во распознавањето на опасност од над 70%.