Археолозите откриле крај Стоунхенџ голем религиозен комплекс, изграден пред 5600 години

од desk3
88 прегледи

1479523629-7435dca585d37c2f66d09f78df5e8cfa

 

 

Голем праисториски религиозен и церемонијален комплекс бил пронајден крај најпознатиот британски праисториски споменик Стоунхенџ, пишува The Independent.

 

 

Комплексот, кој е со дијаметар од 200 метри, се наоѓа само на околу милја и половина на североисток од Стоунхенџ. Тој бил изграден пред околу 5,650 години, повеќе од илјада години пред древните камења да бидат издигнати.

 

Ова откритие ќе ги промени нашите сфаќања за раниот развој на древниот пејзаж околу Стоунхенџ, сметаат археолозите. Комплексот е првата значајна градба од раниот неолитот, откриен во овој регион од повеќе од пред еден век. Ова покажува дека стотици години пред Стоунхенџ во оваа месност, биле изведувани ритуали.